Празник за очи: Парада на најубавите модели на Lamborghini

Минатиот викенд во Швајцарија беше одржан првиот фестивал на класичните спортски автомобили на автомобилската компанија Lamborghini.

“Lamborghini & Design Concours d’Elegance” ги собра некои од најубавите возила од историјата на овој италијански произведувач.

Низ природните убавини на Швајцарија продефилираа извонредно сочувани примероци на моделите Miura, Espada, Countach, Diablo, Jarama, Silhouette, 350/400 GT и теренецот LM002.

Од своја страна, фабриката од Санта Агата донела дел од најновите модели од својата производствена програма, како што се Aventador, Huracan па дури и Veneno Roadster.

Ѕвезда на овој собир беше единствениот концепт Marzal од 1967 година, чиј дизајн го потпишува Марчело Гандини од Бертоне.

Извор – http://vistina.mk
Сподели