9 начини како секоја жена да изгледа привлечно, но не вулгарно

Понекогаш желбата да привлечат внимание ги тера жените да направат фатални грешки.

9-nacini-kako-sekoja-zena-da-izgleda-privlecno-no-ne-vulgarno-001.jpg

Па така, ако малку не внимавате, лесно може да ја преминете границата помеѓу пристојно и вулгарно.

9 начини како да го избегнете ефектот на вулгарно и невкусно:

1. Црвена боја

Црвената е бојата со која најлесно ќе привлечете внимание. Но, за да не изгледате невкусно и голо, одберете само еден дел од телото кој ќе биде откриен – пример, рамениците.

Исто така, кога одбирате да носите црвена боја, внимавајте да не ја носите на секое парче на вас – од фустан до штикли и аксесоари.

9-nacini-kako-sekoja-zena-da-izgleda-privlecno-no-ne-vulgarno-1.jpg

2. Ролка

Ролката е секси парче облека, доколку знаете да го носите. Бирајте темни бои и тенки материјали, но не проѕирни. Проѕирните ролки делуваат евтино.

9-nacini-kako-sekoja-zena-da-izgleda-privlecno-no-ne-vulgarno-2.jpg

3. Бела кошула

Белата кошула е моќно оружје на секоја деловна жена. Но, ако ја комбинирате со кратко здолниште и ја откопчете повеќе од потребното – постигнувате евтин ефект.

Комбинирајте ја со панталони, штикли и 1-2 откопчани копчиња, не повеќе.

9-nacini-kako-sekoja-zena-da-izgleda-privlecno-no-ne-vulgarno-3.jpg

4. Шари и материјали

Избегнувајте светки, по секоја цена. Истото важи и за набраните материјали.

Секогаш бирајте комплементарни бои, неутрални нијанси, елегантни материјали и отвори кои не се премногу провокативни.

Исто така, не ги комбинирајте голите фустани со високи чизми. Високите чизми секогаш подобро одговараат со плетени материјали.

9-nacini-kako-sekoja-zena-da-izgleda-privlecno-no-ne-vulgarno-4.jpg

5. Отворена блуза

Секогаш одберете разголени раменици, наместо длабоко деколте. На овој начин ќе изгледате многу поромантично и пристојно, а воедно нема да откриете повеќе од потребното.

9-nacini-kako-sekoja-zena-da-izgleda-privlecno-no-ne-vulgarno-5.jpg

6. Корсетот не е блуза

Корсетот оставете го за во спалната соба, а добра замена за него се популарните корсет-колани.

9-nacini-kako-sekoja-zena-da-izgleda-privlecno-no-ne-vulgarno-6.jpg

7. Асиметрична облека

Истото правило како и кај црвената боја – не откривајте премногу. Доколку решите да го откриете рамото, сокријте ги нозете. Никогаш не комбинирајте асиметрична облека со кратки здолништа или шорцеви.

9-nacini-kako-sekoja-zena-da-izgleda-privlecno-no-ne-vulgarno-7.jpg

8. Штикли

Штиклите се симбол за женственост и сексапил, но само ако се модерни и пристојни. Високата платформа асоцира на нешто сосема трето. Па уште ако додадете мрежести чорапи – заборавете на пристојноста.

9-nacini-kako-sekoja-zena-da-izgleda-privlecno-no-ne-vulgarno-8.jpg

9. Кратки блузи

За жал или за среќа, кратките блузички стекнаа светска слава во светот на модата. Но, вреди да го знаете строгото правило – кога веќе го откривате стомакот, носете висок струк и долен дел со должина над колениците.

И секако, не ги носете на работа. Кратките маички се добар избор за на плажа или лежерните кафе-прошетки со пријателите.

9-nacini-kako-sekoja-zena-da-izgleda-privlecno-no-ne-vulgarno-9.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

Сподели